За програмата

Програмата за зачувување на природата во Македонија, е проект на  Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), и е наменета за поддршка на активности за зачувување на природата и локалниот развој на Брегалничкиот регион. Програмата поддржува исто така и интервенции на национално ниво кои се очекува да имаат влијание врз зачувувањето на биодиверзитетот и природата воопшто. Програмата ќе ѝ помогне на Република Македонија во остварувањето на барањата на NATURA 2000, еден од условите за пристап во ЕУ.

Оваа програма е таканаречена чадор (umbrella) програма која ги обединува сите активности кои се спроведуваат во Брегалничкиот регион и има холистички (целосен, екосистемски) пристап во спроведувањето на активностите за зачувување на природата и одржливиот локален развој. Исто така оваа програма има директна соработка со останатите програми кои се спроведуваат во регионот со цел избегнување на повторувањето/препокривањето на некои активности и заемно користење на добиените резултати, податоци и документи.

повеќе >

Програмата е координирана од



Програмата е поддржана од


Календар на настани

<< 08/2016 >>
П В С Ч П С Н
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031